29 април 2026
• од Темелко Тошев
Фондацијата „Македонија“, предводена од Виктор Стојанов, испрати најостра осуда до јавноста во врска со, како што велат, организираната кампања со говор на омраза и повици за линч насочени против универзитетскиот професор проф. д-р Рубин Земон.
Според фондацијата, зад оваа кампања стои владејачката партија ДПМНЕ заедно со нивните „прокси медиуми“, кои преку медиумска манипулација и агресија се обидуваат да го задушат слободното изразување.
Од фондацијата потсетуваат дека правото на научна дебата и критичкиот прочит на историјата се темелни европски вредности кои не смеат да бидат погазени заради дневнополитички цели.
„Ниту една историска фигура или настан не смее да служи како оправдување за дехуманизација и прогон на интелектуалци. Обидите за цензура на академската мисла и извлекувањето зборови од контекст со цел предизвикување националистичка хистерија, само го оддалечуваат општеството од демократските стандарди“, стои во соопштението на фондацијата.
Претседателот на Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, упати директни критики до актуелната власт во Скопие, нагласувајќи дека се преминати „црвените линии“.
„Режимот во Скопие ги преминува сите граници на нормално однесување,“ заклучува Стојанов во својата изјава, додавајќи дека меѓународната јавност треба будно да ги следи притисоците врз слободоумните интелектуалци.
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Македонка која го вљуби албанскиот јазик: Јазикот како мост, а не како пречка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

