29 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека светот се движи кон целосно искоренување на смртноста од рак на грлото на матката, Северна Македонија се соочува со сериозен застој. Наместо напредок, земјата бележи негативни трендови кои нè ставаат на врвот на листата по смртност и новозаболени во Европа.
Според најновата анализа на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), државата е далеку од исполнување на целта на Светската здравствена организација (СЗО) – опфат од 70% на жените со скрининг до 2030 година.
Иако националниот план предвидува 75% од жените на возраст од 21 до 59 години да бидат прегледани во циклус од три години, реалноста на терен е драстично поинаква:
Ниското ниво на превенција резултира со алармантен пораст на дијагностицирани случаи. Во 2023 година се регистрирани 327 нови случаи, што е пораст во однос на 2022 година (289 случаи).
„Македонија има стапка која е речиси пет пати повисока од Грција и Италија, три пати повисока од Словенија и двојно поголема од Србија“, посочува Борјан Павловски од ЕСЕ.
Во периодот од 2017 до 2023 година, оваа болест одзеде 540 животи. Тоа значи дека во просек 70 жени годишно умираат од рак кој може да се спречи доколку се открие навреме.
Анализата на ЕСЕ лоцира неколку клучни „тесни грла“ во здравствениот систем:
Ракот на грлото на матката е четврти најчест рак кај жените, но е целосно излечив доколку се дијагностицира во рана фаза. ЕСЕ и партнерските организации апелираат на итна промена на методологијата, зголемен буџет и обезбедување на гинеколошки услуги во секоја општина.
Овие активности се дел од поширокиот проект „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а го спроведуваат ХЕРА, ЕСЕ, „Заедно Посилни“ и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари.
Македонка која го вљуби албанскиот јазик: Јазикот како мост, а не како пречка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

