29 април 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на младинскиот огранок на политичката партија Левица – „Црвена младина“, Андреј Куцуловски, заработи парична казна во износ од 550 евра. Причината за казната е истакнување на палестинското знаме за време на спортски натпревар, пренесуваат медиумите.
Според информациите од партијата Левица, глобата е изречена под наводи за „поттикнување насилство и омраза“ поради присуството на палестинскиот симбол на трибините.
По изрекувањето на казната, Куцуловски се огласи на својот Фејсбук профил, каде што ја критикуваше одлуката на надлежните органи и упати порака за солидарност.
„Солидарноста е главната карактеристика на социјализмот и на антиимперијалистичката борба воопшто. Македонскиот народ е на страната на палестинскиот народ, иако нашите политички елити се обидуваат да го докажат спротивното. Ние сме на вистинската страна на историјата, а тие ќе исчезнат во својата вазална сервилност. Времето ќе покаже чии вредности ќе победат. Слобода за Палестина!“ – напиша тој.
Инцидентот се случи во спортската сала „Јане Сандански“, каде што Куцуловски беше приведен од страна на полицијата. Според очевидци и партиски извори, тој бил отстранет од салата со лисици на рацете пред да му биде одредена казната.
Овој случај предизвика поделени реакции во јавноста, отворајќи дебата за границите на слободата на изразување и политичките симболи на спортските терени.
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Македонка која го вљуби албанскиот јазик: Јазикот како мост, а не како пречка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

