29 април 2026
• од Темелко Тошев
Аеродромот во Бургас е целосно подготвен да ги пречека туристите за претстојната летна сезона, откако успешно завршија ретставните зафати на полетно-слетната патека во вредност од речиси 50 милиони евра, пренесува БТА.
Ремонтот на објектот започна во ноември 2025 година и беше завршен според предвидениот план, непосредно пред почетокот на мај и официјалното отворање на туристичката сезона на црноморското крајбрежје.
Според концесионерот „Фрапорт Твин Стар Ерпорт Менаџмент“, оваа капитална инвестиција беше неопходна бидејќи делови од инфраструктурата не беа обновени повеќе од 40 години. Клучните подобрувања вклучуваат:
Првиот авион што слета на реновираната писта беше на националниот превозник „Bulgaria Air“, а првите поголеми групи туристи се очекуваат веќе на 1 мај.
Оваа сезона носи и нови можности за патниците со воведување на линиите на Ryanair до Рим и на Volotea до Лил. Раководството на аеродромот најави дека наскоро ќе бидат објавени и нови целогодишни дестинации.
И покрај тензичната ситуација на Блискиот Исток, директорот на аеродромот, Васил Атанасов, е оптимист и очекува вкупен раст од околу 5% во споредба со минатата година.
„Ситуацијата внимателно се следи. Иако бележиме пад од околу 35% кај резервациите од израелскиот пазар, имаме значително зголемен интерес и раст кај пазарите од Полска и Велика Британија,“ изјави Атанасов.
Во однос на прашањата за снабдување со гориво, раководството уверува дека состојбата е под контрола и дека се во постојана комуникација со авиокомпаниите за да се обезбеди непречено одвивање на сите летови.
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Македонка која го вљуби албанскиот јазик: Јазикот како мост, а не како пречка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

