01 јули 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во своето најново подкаст издание изнесе тврдења поврзани со историските процеси и формирањето на македонската држава, истакнувајќи дека на листите на делегати на АСНОМ се наоѓале „докажани македонски Бугари“ и лица кои претходно соработувале со бугарската окупациона власт.
Георгиевски посочува дека при неговата анализа на имињата на делегатите на првото и второто заседание на АСНОМ, лоцирал повеќе личности кои, според него, спаѓаат во групата на „граѓански Бугари“. Тој нагласува дека овие лица не мора нужно да биле „ванчовисти“, но ја прифатиле соработката со Бугарија за време на Втората светска војна.
Како еден од примерите, тој го посочува Кирил Жирновски. Според Георгиевски, за Жирновски постојат фотографии на кои се гледа како го пречекува бугарскиот цар Борис, а подоцна истиот се појавува во улога на делегат на АСНОМ.
Вториот случај на кој се осврнува е д-р Георги Поп Шоп Трајанов, доктор по лингвистика на Сорбона, кој бил дел од првата јазична работна комисија.
„Во 1942 година, тој од страна на бугарските окупациони фашисти е ставен како прв директор на Народната библиотека. Значи, бугарските фашисти ја формираат Народната библиотека во Скопје и за прв директор го ставаат токму господинот Ѓорги Шоп Трајанов“, изјави Георгиевски, додавајќи дека лично имал можност да се запознае со него во текот на осумдесеттите години.
На крајот од своето излагање, Георгиевски заклучува дека доколку детално се анализираат листите на делегатите, сигурно ќе произлезат и многу други личности кои претходно биле дел од бугарската окупациона политика, а потоа зеле активно учество во македонското државотворно собрание.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

