01 јули 2026
• од Темелко Тошев
Професорката Тамара Аџиска (39) од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода откако била фатена на дело како прима поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), акцијата за приведување на 39-годишната штипјанка Т.А. се одиграла вчера во 11:45 часот. Таа била лишена од слобода од страна на полициски службеници од СВР Штип поради основано сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“.
Случајот во полицијата бил пријавен неколку дена претходно, на 22 јуни 2026 година. Пријавата ја поднел 26-годишниот студент од Турција, К.Б., кој има привремен престој во Штип. Тој пријавил дека професорката му побарала сума од 300 евра како услов за да го положи испитот кој бил закажан за полагање на 29 јуни.
По добиената пријава, полицијата веднаш презела мерки во строга координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип. За да се обезбедат докази за кривичното дело, на студентот му биле предадени три крим-технички обработени банкноти од по 100 евра.
Од МВР информираат дека професорката била приведена веднаш откако ги примила парите од студентот.
„Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници ја лишиле од слобода Т. А., поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело ‘примање поткуп’“, стои во соопштението на МВР.
По апсењето, професорката била задржана во полициска станица, а обележаните пари биле пронајдени и одземени. Од полицијата додаваат дека по целосното документирање на овој случај, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

