30 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Казината ќе бидат подалеку од нашите деца. Ова беше ветување на ВРЕДИ пред граѓаните и тоа ветување веќе се реализира.
Со усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, државата конечно застанува на страната на семејството, децата и младите, порачуваат од коалицијата ВРЕДИ. Од таму посочуваат дека со години индустријата за коцкање била оставена да се шири без контрола, навлегувајќи во населбите, доближувајќи се до училиштата и станувајќи секојдневие за граѓаните.
„Оваа штета не ја платија оние кои ја дозволија оваа состојба. Ја платија нашите семејства. Ја платија младите кои беа изложени на оваа опасна култура. Ја платија граѓаните – Албанци, Македонци, Турци, Роми и сите останати кои одблизу видоа какви последици носи зависноста од коцкање,“ се вели во партиското соопштение.
Една од главните заложби на коалицијата, како што истакнуваат, е драстичното намалување на бројот на казина. Според новите законски одредби и проценките на партијата:
Со новиот закон се воведуваат построги услови за лиценцирање, додека надзорот врз целиот сектор значително се зајакнува. Дел од клучните промени вклучуваат:
Од ВРЕДИ дополнително нагласуваат дека досегашното затворање на 358 нелегални онлајн платформи претставува историски чекор во воведувањето ред.
Коалицијата најавува дека нивната битка не запира тука и дека нивна следна цел се компаниите за брзи кредити.
„ВРЕДИ почна да се занимава и со компаниите за брзи кредити, кои често создаваат впечаток дека функционираат во ист синџир со казината. Едната го турка граѓанинот во зависност, а другата во долг. И двете заедно го осиромашуваат семејството и го слабеат општеството,“ предупредуваат од коалицијата.
На крајот од соопштението, ВРЕДИ порачува:
„Наместо казина во близина на училиштата, ние ги избираме училиштето и образованието. Наместо хаос во коцкањето, воведуваме ред и одговорност. ВРЕДИ ги избира децата, семејството и иднината. Ветивме и реализираме.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

