TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Скандал во Охрид: Студентите од домот „Никола Карев“ шест дена под свеќи и на ладен туш во ек на испитна сесија!

29 јуни 2026

• од Темелко Тошев

Шест дена мрак, учење под свеќи и туширање со ладна вода. Ова е суровата реалност за студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, кои во самиот ек на испитната сесија се оставени без основни услови за живот. Додека студентските платформи алармираат, раководството на домот и Министерството за образование и наука (МОН) молчат.

Од студентскиот дом даваат само оскудни информации, потврдувајќи го прекинот на електричната енергија, но со апсурдно оправдување дека во домот „нема студенти бидејќи е лето“.

Учење во 19-ти век: Неплатените сметки повторно го гасат светлото

Платформата „Студентарија“ остро реагираше на состојбата, посочувајќи дека ова не е првпат студентите во Охрид да бидат жртви на неажурноста на институциите. Според сведочењата, причината за прекинот на струјата се повторно неплатени сметки.

„Ова е само продолжение на состојбата. Во февруари годинава, во овој студентски дом беше прекинат пристапот до електрична енергија повеќе од 30 часа поради три неплатени сметки. Од пред неколку недели студентите немаат пристап ниту до топла вода, а како привремено решение добија клучеви од само три соби кои имаат бојлери. Сега, поради прекинот на струјата, нема вода ниту во тие простории,“ реагираат од „Студентарија“.

Апсурдот е уште поголем бидејќи прекинот на електрична енергија е изолиран само во домот – светлата и бојлерите во околната населба функционираат беспрекорно.

Паштета, зденка и туна за идните академски граѓани

Покрај немањето струја и топла вода, студентите реагираат и на катастрофалниот квалитет на исхраната. Според информациите од терен, менито на студентите изгледа вака:

  • Ручек: Леб, паштета, зденка и сокче.
  • Вечера: Конзерва туна или говедски нарезок.

„Во период кога веќе се соочуваат со сериозни проблеми, ваквата исхрана само дополнително го потврдува ниското ниво на грижа за студентскиот стандард,“ забележуваат од платформата.

Домот се правда: „Нема струја, ама нема ни студенти“

Иако утре е последниот ден за престој во студентските домови за оваа академска година и студентите треба да ги пакуваат своите работи во мрак, раководството на домот има поинаква слика за реалноста.

На новинарските прашања зошто студентите се оставени во вакви услови, од домот не понудија решение, туку само кратка потврда.

„Да, точно е дека нема струја во домот. Но, да знаете дека нема ниту студенти. Празно е, лето е, сите се заминати,“ изјави кратко домарот на рецепцијата, ветувајќи контакт со директорот, кој досега останува недостапен за јавноста.

Институциите на потег

Од „Студентарија“ прашуваат до кога МОН и надлежните ќе го игнорираат проблемот за кој јавно се алармира со денови.

„Нема објаснување за прекинот, нема рок за отстранување на дефектот. Студентите не бараат луксуз. Бараат струја, вода, пристојна храна и достоинствени услови за живот. Тоа не се привилегии, туку минимум што државата е должна да им го обезбеди!“, децидни се студентите.

Останува да се види дали надлежните конечно ќе преземат одговорност за состојбата во која се принудени да преживуваат оние на кои, барем декларативно, треба да почива иднината на државата.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

„Рокот е истечен“: Еколозите бараат Владата итно да ги поништи концесиите за „Иловица“

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е сведен на едно големо ништо, а тоа ништо се вика Влен

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Судење за трагедијата во „Пулс“: Обвинителството презентираше 83 докази против деветмината полицајци

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Зголемен бројот на повици кон Брзата помош во Скопје: Над пет колапси утрово поради високите температури

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

На хируршките клиники се одложуваат операциите кои не се итни поради дефект на системот за климатизацијa

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Костимот за капење половина открива или покрива? Општина Тетово молчи за „женските термини“ на градскиот базен

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

ПОЧНА МАСОВНА ПРОВЕРКА: Дали милиони евра државна помош за екологија во 2025 година биле незаконски поделени?

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Африм Гаши од Самитот на НАТО: Мора да бидеме подготвени за брза реакција пред сложените закани

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик доколку остане политичката дискриминација во него

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

СДСМ најави блокада на Изборниот законик: „Власта подготвува терен за изборна манипулација како во времето на Груевски“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Поповиќ (СДСМ): Нема пари, власта на Мицкоски ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Во Кочани повеќе од двојно зголемена потрошувачката на вода за пиење, можни се рестрикции

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: Мајката што го удираше бебето од асфалт во Тетово, претходно оставила две други деца голи на улица

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Сообраќајка го отежна пристапот до скопскиот Аеродром, сообраќајот се пренасочува

СПОРТ
29 јуни 2026

Рекордни 24 медали за бугарските атлети на Европските игри за трансплантирани

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
29 јуни 2026

Револуција од Бугарија: Браќа создадоа електричен чамец што не мора да се полни во струја

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

ТЕТОВО ПОВТОРНО ГИ МЕНУВА УЛИЦИТЕ: Уставен ги врати старите имиња, Општината веќе почна нова процедура

СВЕТ
29 јуни 2026

Историски медицински потфат: За првпат во Бугарија оперирано „пеперутка дете“

МАКЕДОНИЈА
29 јуни 2026

Фрчкоски со остри критики: Претседателката ѝ држи лекции на ЕУ покривајќи се со „фејк“ интелектуализам

ДРУГО
29 јуни 2026

Денеска 29 јуни 2026 година се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски Чудотворец

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
28 јуни 2026

Блескав триумф за Никола Цолов во Австрија

СПОРТ
28 јуни 2026

Доминација: Алекса Рашева освои 5 од 5 златни медали во Шпанија

СВЕТ
28 јуни 2026

Бугарија останува со најниски цени во ЕУ

МАКЕДОНИЈА
28 јуни 2026

ОБДУКЦИЈАТА ПОТВРДИ: Жената од скопско е убиена, уапсен поранешниот сопруг кој прво ја пријавил за исчезната

ВРЕМЕ
28 јуни 2026

Топлотен бран ја зафати земјава: Температури до 38 степени, од среда се очекува пресврт!

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 јуни 2026

ШОКАНТНО ВО СТРУГА: Мајка ги оставила малолетните деца да спијат во автомобил додека била на работа

МАКЕДОНИЈА
28 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

ДРУГО
28 јуни 2026

Денеска се празнуваат Маченици Вит, Модест и Крискентија

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега