29 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Опозициската СДСМ категорично ќе го блокира донесувањето на новиот Изборен законик во Собранието. Лидерот на партијата, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ги оцени предложените законски измени како „ниту европски, ниту демократски“, обвинувајќи ја власта дека се обидува да воспостави систем за контрола и злоупотреба на изборниот процес.
Откако СДСМ претходно се повлече од работната група за подготовка на законот кој денеска и официјално беше поднесен во законодавниот дом, Филипче во своето обраќање образложи три клучни забелешки поради кои партијата нема да дозволи негово изгласување.
Првата и најсериозна забелешка се однесува на предлогот за електронско гласање на иселениците. Според Филипче, гласовите од дијаспората – за кои нема можност за теренска проверка – не смеат да имаат иста вредност како оние на граѓаните кои гласаат во државата.
„Тоа отвора ризик за масовно и неконтролирано гласање, исто како што беше во време на владите на Никола Груевски. Тоа е опасен систем кој отвора врата за изборна манипулација и кражба од страна на оваа власт и стартна предност на власта од неколку пратеници уште пред да почне гласањето“, предупреди Филипче.
Останатите две забелешки се однесуваат на самиот чин на гласање и процесирањето на евентуалните нерегуларности:
Отфрлајќи ги владините тврдења дека законот е дел од европската реформска агенда, Филипче истакна дека вистинската намера е сосема поинаква.
„Тие сакаат да воспостават режим, сакаат да си отворат врата, можности и инструменти да го контролираат и злоупотребат изборниот процес. Овој закон ние ќе го блокираме во Собрание зашто не смее да биде донесен. Граѓаните заслужуваат да имаат фер изборен процес, а не контролиран“, дециден е лидерот на СДСМ.
На прашањето за финансирањето на политичките субјекти, претседателот на СДСМ посочи дека партијата нема забелешки помалите партии да добијат повеќе буџетски средства. Тој нагласи дека се согласни досегашната распределба од 45% за власта и 45% за опозицијата да се намали, токму во корист на помалите политички партии.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

