29 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) отвори опсежна истрага која ќе трае во наредните 18 месеци, поради сериозни сомнежи дека милиони евра од државниот буџет за 2025 година наменети за проекти за животна средина, биле незаконски доделени.
Во центарот на вниманието е Програмата за инвестирање во животната средина и просторно планирање за 2025 година, која тежела вкупно 14 милиони евра. Во овој период, со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) раководеше тогашниот министер Изет Меџити.
Сомнежите на Комисијата се појавиле неодамна, при доставувањето на новата Програма за 2026 година. Тогаш било утврдено дека минатогодишната државна помош била доделена без нивно задолжително решение – клучен документ со кој се дозволуваат мерките за доделување државна помош.
Со други зборови, КЗК тврди дека институцијата била целосно заобиколена во постапката и формално никогаш не дала зелено светло за исплата на овие средства. Бидејќи постапката е сè уште во почетна фаза, Комисијата сè уште не располага со целосните податоци за тоа кои правни субјекти ги добиле парите и за кои точно проекти.
Од Министерството за животна средина потврдуваат дека го примиле заклучокот од Комисијата на 10 јуни оваа година и тврдат дека целосно соработуваат. Сите барани документи ќе бидат доставени најдоцна до 10 јули 2026 година.
Според нивните тврдења, сумите кои реално биле исплатени се помали од вкупниот буџет на програмата:
Интересно е што бројките кои сега ги презентира Министерството значително се разликуваат од јавните повици. Во април 2025 година, тогашниот министер Меџити преку социјалните мрежи најави јавни конкурси за распределба на дури 3,7 милиони евра за еколошки проекти.
Тогашната распределба на најавените средства изгледаше вака:
Меџити тогаш ветуваше целосна транспарентност и ги повика општините, граѓанските организации, но и стартапите и технолошките компании да аплицираат со свои иновативни еколошки решенија.
Согласно Законот за контрола на државната помош (член 16, став 2), Комисијата има рок од 18 месеци да ја заврши постапката за испитување на евентуалната незаконска помош. Доколку истрагата потврди дека парите биле доделени спротивно на законот, Комисијата најавува дека ќе донесе Решение согласно своите надлежности, што може да значи и барање за поврат на незаконски исплатените буџетски средства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

