29 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Според потпретседателот на ДУИ, наместо лидер во регионот, државата бележи доцнења и отсуство на реформска волја, додека најавената владина реконструкција нема да донесе никаков пресврт за Албанците.
Најголемиот пораз на коалицијата ВЛЕН е неуспехот на европската идеја и штетата што тој неуспех им ја нанесува на Албанците во државата. Ова е главната порака што денеска ја упати потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, на прес-конференцијата одржана во рамките на партискиот серијал насловен „Две години понижување – Влен ништо“.
Османи остро ја критикуваше актуелната владина гарнитура, посочувајќи дека ветувањата на ВЛЕН за брзи резултати на патот кон Брисел во првите шест месеци од владеењето со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, се претвориле во разочарувачки биланс по две години мандат, без ниту еден суштински чекор кон Европската Унија.
Според Османи, наместо Северна Македонија да биде лидер во регионот во спроведувањето на реформите и искористувањето на европските фондови, денес сведочиме на сериозни назадувања. Како главни аргументи за дипломатското и реформско фијаско, тој ги наведе следните факти:
Како клучен доказ за некомпетентноста на ВЛЕН како политички претставник во извршната власт, Османи се повика на последниот извештај на Европскиот парламент, во кој јасно се нотирани слабости во меѓуетничките односи во државата.
„Особено значајно е што Европскиот парламент побара институциите да обезбедат целосно почитување на јазичната еднаквост. Кога Европскиот парламент е принуден да ги потсетува институциите во државата да ги почитуваат веќе стекнатите права на Албанците, тогаш тоа е најсилниот доказ за неуспехот на Влен како политички претставник во Владата,“ истакна Османи.
Тој додаде дека Европскиот парламент изразил сериозна загриженост и за зголемените надворешни влијанија кои ја оддалечуваат Северна Македонија од европскиот пат. Со ваквите политики, предупредуваат од ДУИ, државата го губи епитетот на успешно мултиетничко општество.
„Ова претставува целосен пораз за нас Албанците. Додека ги губиме стекнатите права во многу области, европскиот глас на Албанците во Владата е сведен на едно големо ништо. И тоа ништо има име – Влен. Албанците не гласаа за ова и на следните избори ќе го променат тоа,“ порача Османи.
Одговарајќи на новинарско прашање за најавената реконструкција на Владата, Османи беше дециден дека персоналните промени нема да донесат суштински пресврт за албанскиот народ, бидејќи проблемот лежи во самите програмски определби на владејачкото мнозинство.
Според него, изминатите две години јасно покажале дека Владата се води од три основни прашања:
„Каква и да е распределбата, кои и да се тие министри што ќе бидат именувани или разрешени, тие се во функција или на извршители или на адвокати на оваа програмска определба. Бидејќи ја немаат волјата на Албанците, кое било именување ќе биде исклучиво по волја на премиерот и на македонската политичка партија во Владата, и тоа нема позитивно да се одрази врз Албанците,“ заклучи потпретседателот на ДУИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

