30 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Семејство од Србија доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот „Пријателство“, на клучката што води кон Меѓународниот аеродром Скопје.
Според информациите, патничко моторно возило марка „Нисан“ излетало од коловозот, удрило во металната заштитна ограда и целосно се превртело.
Во оваа тешка несреќа, 33-годишниот возач и неговата 26-годишна сопруга се здобиле со тешки телесни повреди, додека нивното двегодишно дете исто така претрпело повреди.
Тројцата веднаш биле транспортирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им е укажана неопходната лекарска помош пишува tetova.sot.com
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

