30 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, нема да го започне издржувањето на затворската казна на 2 јули, како што првично беше предвидено. Причината за ова е официјалното барање за одложување кое тој го поднел до судот, повикувајќи се на влошена здравствена состојба.
Судијата за извршување на санкции веќе ја започнал постапката за проверка на приложената медицинска документација од страна на Јакимовски. За таа цел, судијата се обратил до двете приватни здравствени установи каде што биле издадени медицинските извештаи, со барање за потврда на нивната веродостојност и сериозноста на дијагнозите. Во моментов, судот сè уште ги чека одговорите од клиниките за да може да донесе соодветна и базирана одлука.
Од Кривичниот суд информираат дека самата процедура налага автоматско одложување на почетокот на издржувањето на казната сè додека судијата не донесе конечна одлука по однос на барањето.
Согласно Законот за извршување на санкции, судијата има строг рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за да ги испита сите околности, да ја провери документацијата и да пресече дали на Јакимовски ќе му се овозможи лекување на слобода или ќе мора да се упати во казнено-поправната установа.
Имајќи предвид дека поранешниот градоначалник на Карпош го поднел своето барање на 12 јуни, законскиот рок во кој судијата треба да ја донесе конечната одлука истекува на 12 јули. Дотогаш, заминувањето на Јакимовски зад решетки е ставено во мирување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

