03 мај 2026
• од Тодор Вангелов
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон состојбите во судскиот систем, повикувајќи на суштински и кредибилни реформи кои, според него, треба да започнат од Врховниот суд.
Во својата објава, Ллога посочува дека доколку Владата, премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ навистина се заложени за вистински промени, тогаш фокусот мора да биде насочен кон „местото каде во најголем обем треба да се бараат корумпирани и нечесни судии“.
Тој го идентификува Врховниот суд како клучна институција каде, според него, се акумулирани сериозни проблеми, вклучувајќи укинати пресуди, повторени судења и случаи кои завршуваат со застарување.
Ллога дополнително алармира за, како што наведува, сомнителни финансиски договори, манипулации со АКМИС системот за распределба на предмети, како и значителни финансиски штети што државата ги трпи поради изгубени случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Станува збор за серија злоупотреби кои не само што ја нарушуваат довербата во правосудството, туку директно ја чинат државата милиони евра“, истакнува Ллога.
Неговата изјава доаѓа во период кога прашањето за реформи во судството повторно е во фокусот на јавноста, а очекувањата за конкретни чекори од новата власт се зголемуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

