11 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската новинарка и политички аналитичар Ружа Рајчева објави коментар на својот Фејсбук профил во врска со посетата на претседателката на Северна Македонија на Софија.
Повод за нејзината реакција е напис од бугарскиот портал „OFFNews“ со наслов „Бара англиски, не разбира бугарски – шоуто на македонската претседателка во Софија“, кој го сподели на својот профил.
Во својата објава, Рајчева ја коментира комуникацијата за време на посетата и изнесува свои ставови за историјата и главниот град:
„Исклучително грда и показна постапка на претседателката. Не е доволно што ни ги претопија историјата и јазикот и си изградија престолнина/кино-центар, полна со споменици на бугарски херои и владетели, туку сега се прават дека и не нѐ разбираат“, пишува Рајчева во статусот.
На крајот од објавата, таа се осврнува и на темата за државјанствата, додавајќи: „Додека луѓето таму тајно си вадат бугарски пасоши...“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

