11 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Недостигот од политичка волја за исполнување на преземените обврски го попречува напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија, предупредува бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.
Во својата најнова изјава, Петрова-Чамова нагласува дека прашањето со Скопје одамна ги надминало билатералните рамки и претставува исклучиво европско прашање. Според неа, сите лидери во Европската Унија се категорични дека единствениот пат напред за Северна Македонија е доследното исполнување на веќе преземените обврски.
„Тажно е да се види дека четири години подоцна, еден договор постигнат на европско ниво и поддржан со одлука на Парламентот на Република Северна Македонија, сè уште не може да се спроведе поради недостигот од политичка волја“, истакна шефицата на бугарската дипломатија.
Осврнувајќи се на последниот извештај на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и предупредувањата за опасниот концепт „Српски свет“, министерката беше прашана дали зад политиката на Скопје стои странско влијание.
Таа посочи дека проблемот лежи во политичкото лидерство и градењето политики врз основа на антитези, наместо на проевропски вредности:
На новинарско прашање зошто претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, се двоумела да зборува на македонски јазик при нејзината посета на Софија, министерката одговори дека досега немала можност за лична средба со неа. Сепак, таа го сподели своето искуство од комуникацијата со македонскиот министер за надворешни работи:
„Во разговорите со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, јас зборувам на бугарски јазик и одлично се разбираме“, посочи Петрова-Чамова.
Министерката за надворешни работи беше децидна дека Бугарија не поставува никакви дополнителни услови кои излегуваат надвор од она што е веќе договорено со Брисел. Таа потсети на континуитетот на бугарската политика:
„Не знам каков посилен сигнал може да биде даден. Се надевам дека од другата страна ќе се премине кон спроведување на договореното, а не кон обиди за избегнување одговорност“, заклучи Петрова-Чамова, изразувајќи надеж дека политичкото раководство во Скопје ќе создаде соодветна општествена клима за исполнување на обврските, што воедно претставува и најдобра перспектива за македонските граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

