25 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, упати остри критики за начинот на кој се спроведува проектот „Сејф сити“, оценувајќи дека истиот не служи за унапредување на безбедноста, туку е насочен против граѓаните Албанци.
Според Села, поставувањето на камерите не е резултат на стратегија за подобрување на сообраќајната безбедност, туку механизам за изнудување пари од одредена категорија граѓани. Тој тврди дека камерите се инсталираат на патишта каде што недостига основна сообраќајна инфраструктура, како што се семафори, сообраќајни знаци и обележани паркинг-простори.
Проектот, како што наведува Села, се спроведува во Скопје, Куманово и Тетово, при што во главниот град најголема концентрација на камери има во општините Чаир, Сарај и Бутел. Станува збор, според него, за општини со мнозинско албанско население, како и за влезно-излезни правци што најчесто ги користат Албанците.
„Без семафори, но со камери за изнуда; без паркинзи, но со казни“, пишува Села, нагласувајќи дека ваквиот пристап претставува директна експлоатација на граѓаните, наместо вистинска грижа за јавната безбедност.
Тој повикува надлежните институции да го преиспитаат начинот на имплементација на проектот и да обезбедат еднаков и правичен третман за сите граѓани, без етничка или друга селективност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

