14 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Граѓаните кои редовно ги скенираат своите фискални сметки за поврат на данокот на додадена вредност, веќе трет ден по ред се соочуваат со сериозни технички проблеми. Апликацијата „Мој ДДВ“ е речиси неупотреблива за голем дел од корисниците, поради што тие не можат навремено да ги регистрираат своите фискални сметки.
Проблемот се манифестира уште при првиот чекор. При обид за скенирање на баркодот, наместо вообичаената потврда, на екраните на корисниците се појавува порака за грешка во која се наведува дека нема конекција до Управата за јавни приходи (УЈП). Ова целосно го блокира процесот и ги остава сметките нескенирани.
Оваа ситуација предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните го изразуваат своето незадоволство. Според нивните коментари:
По бројните реакции и поплаки во јавноста, од Управата за јавни приходи се огласија со официјално објаснување. Оттаму го потврдија проблемот, но го окарактеризираа како „повремено забавување“ на системот.
„Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање“, стои во соопштението од УЈП.
Институцијата им се заблагодари на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата, додавајќи дека максимално се работи на што поскоро нормализирање на работата на серверите.
Сепак, засега нема официјални информации и конкретен рок кога проблемот ќе биде целосно надминат и кога апликацијата повторно ќе функционира без прекини. Граѓаните се советуваат да ги чуваат своите нескенирани сметки до целосното стабилизирање на системот.
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

