13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот патријарх Даниил денеска ќе земе учество во „Походот за семејството“, настан кој се одржува во главниот град на Бугарија, Софија.
Со почеток во 17:00 часот, во катедралата „Света Недела“, патријархот ќе отслужи литургија, по што ќе следи и специјален молебен посветен на бугарското семејство.
Во официјалното соопштение од Софиската митрополија се истакнува дека црквата дава целосна поддршка на ваквите настани:
„Црквата ги охрабрува сите корисни иницијативи насочени кон утврдување и зацврстување на христијанското семејство, како и кон воспитувањето на младите луѓе во православната вера, морал и духовност.“
Паралелно со овој настан, во Кнежевската градина во Софија, со почеток во 16:00 часот ќе се одржи концерт по повод овогодинешното издание на „Софија прајд“. Според најавите, веднаш по концертот е предвидено да започне и планираната поворка на учесниците на парадата низ улиците на главниот град.
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

