12 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во својот најнов подкаст насловен „Бугари во Устав“ ја анализираше актуелната политичка битка преку интересна лингвистичка призма, разобличувајќи го слоганот кој стана синоним за отпорот против уставните измени.
Во најновото издание на својот подкаст, Георгиевски се осврна на реториката која ја користат противниците на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Тој посочува дека слоганот под кој се води битката на, како што ги нарекува, „најголемите македонски националисти и патриоти“, всушност открива еден поинаков контекст.
Според Георгиевски, самата синтагма „Бугари устав“ или „Бугари во устав“, која стана главен синоним за овој отпор, е чисто српска реченица и нема никаква врска со правилата на македонскиот јазик.
„Ова име го ставив намерно за да уште еднаш го разобличам српскиот контекст на тој отпор. Имено, самата реченица која стана синоним за тој отпор е чисто српска реченица и нема врска со македонскиот јазик,“ истакнува Георгиевски.
Тој додава дека овој неправилен израз до толку се вкоренил во јавниот дискурс, што дури и бугарските аналитичари и политичари почнале да го користат, најверојатно мислејќи дека зборуваат на правилен македонски јазик за да им „угодат“ на соговорниците.
Георгиевски потсетува на основните граматички правила на македонскиот јазик, кој задолжително го користи членот за да конкретизира одредени поими.
Точната македонска конструкција за оваа тема, според него, би требало да гласи:
На крајот, поранешниот премиер поентира со доза на иронија околу буквалното значење на неправилниот слоган:
„Инаку вака, 'Бугари во устав' и јас сум против тоа, затоа што ќе значи сите Бугари од цел свет во устав кој е неодреден.“
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

