13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија разоткри криминална група која масовно фалсификувала универзитетски дипломи. На чело на мрежата бил директор на приватно средно училиште, а за само осум месеци успеале да заработат фрапантни 163.000 евра.
Српското обвинителство денеска предложи притвор за Б.Д., директор на приватното средно училиште „Никола Тесла“ од Нови Пазар. Тој е осомничен дека бил главен организатор на криминалната група во која членувале уште три лица (И.П., В.Ѓ. и М.Н.). Тие се товарат за злосторничко здружување и фалсификување исправи.
Според истрагата, групата оперирала во периодот од октомври 2025 година до јуни оваа година. Преку тајна, нелегална печатница лоцирана на територијата на Белград, тие изработиле над 120 лажни документи.
Во нивната понуда имало:
Бизнисот бил исклучително лукративен. Лажните документи им биле продавани на заинтересирани клиенти по цени кои се движеле од 500 до 3.500 евра, во зависност од видот на документот. Преку оваа шема, групата се стекнала со нелегална имотна корист од 20 милиони динари, односно околу 163.000 евра.
Фалсификаторите не биле скромни во изборот на институции што ги фалсификувале. На нивната мета биле некои од најреномираните факултети:
Обвинителството отвора и нов правец во истрагата – проверка на лицата кои ги купиле овие дипломи.
„Доколку се утврди дека фалсификуваните документи биле користени како вистински (при вработување или слично), Обвинителството ќе бара од надлежните органи тие итно да бидат поништени“, стои во официјалното соопштение.
На сослушувањето пред јавниот обвинител, осомничениот В.Ѓ. решил да го искористи правото да се брани со молчење, додека останатите осомничени дале свои искази во кои целосно ги негирале обвинувањата. Истрагата за случајот продолжува.
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

