14 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Новинарката Јордана Ивановска – Јоци преку својот последен фејсбук статус упати остра критика до поединци во медиумскиот простор, обвинувајќи ги за оркестрирано ширење говор на омраза и загрозување на добрососедските односи со Бугарија во клучен момент за евроинтеграциите на земјата.
Според Ивановска, неодамнешниот „вулгарно-агресивен испад“ упатен кон високи бугарски државници не е случаен. Таа посочува дека ваквите дејствија, кои според неа содржат и кривични елементи, доаѓаат во „сензитивно време“ кога актуелната македонска влада, премиерот и претседателката, со поддршка од европски државници, вложуваат максимални напори за надминување на разликите со Софија.
Фокусот на реакцијата на Ивановска е ставен на професионалниот интегритет и легитимациите кои ги поседуваат овие лица од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Таа тврди дека ова не е првпат овие лица да го кршат Етичкиот кодекс и да вршат кривични дејанија преку јавниот етер.
„И ЗНМ и АВМУ треба да одговорат официјално на Бугарија зошто ова се случило и што мислат да преземат за да не ни заврши земјава во куп извештаи како ‚црна дупка‘ каде се промовира ксенофобија и национална омраза на голема врата, лиценцирана токму од ЗНМ“, пишува Ивановска.
Таа предупредува дека доколку не се санкционира ваквото однесување, може да дојде до опасен „домино ефект“, каде инспирирани од агресијата, граѓани би можеле физички да нападнат бугарски државјани, што дополнително би ја искомпромитирало македонската држава.
Ивановска смета дека постојат „црвени линии“ кои не смеат да се поминуваат, без оглед на политичките несогласувања со бугарските барања. Таа прави јасна дистинкција меѓу политичките преговори и секојдневните релации меѓу народите во областа на трговијата, туризмот и културата.
Во завршницата на својот статус, таа отворено се сомнева во заднината на овие поединци, потсетувајќи на нивното минато делување и поврзаност со личности кои се предмет на кривични постапки или се наоѓаат на црни листи, имплицирајќи дека ваквите испади не се случајни, туку имаат за цел да ги минираат државните напори за европска интеграција.
„Ова е системско ширење на омраза со цел подигање на степенот на нетрпеливост“, заклучува Ивановска, повикувајќи на итна реакција од надлежните институции и еснафските здруженија.
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

