26 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Полицијата лишила од слобода 69-годишен жител на Кавадарци, откако при претреси во неговата викендичка и дом пронашла ловечка пушка, недозволени средства за лов и околу 13 килограми месо од срндак.
Претресите биле извршени со судска наредба во викендичката на местото викано „Васов град“ и во домот на лицето. Според полицијата, тој доброволно предал пушка „Застава“, три патрони од калибар 12 и девет примки. На една од примките биле пронајдени остатоци од биолошки траги.
За случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање, против лицето ќе бидат поднесени пријави за незаконит лов и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Шекеринска повика сојузниците да ја засилат противвоздушната поддршка за Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

