TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл – дефицитот руши рекорди, а се крати од инвестициите и граѓаните

08 јули 2026

• од Темелко Тошев

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати остри критики за предложениот ребаланс на Буџетот за време на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Тој го оцени предлогот како јасен доказ за неуспешното буџетско планирање на Владата, категорично отфрлајќи ги обидите тој да се претстави како развојна мерка.

„Додека власта се обидува да го прикаже ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Ова не е инструмент на одговорно управување со јавните финансии, туку фактура за промашениот буџет донесен во декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а цената сега ја плаќаат граѓаните“, истакна Битиќи пред пратениците.

„Финансиска обдукција“ на промашеното планирање

Битиќи во своето излагање се осврна на конкретни бројки, посочувајќи дека со ребалансот буџетскиот дефицит драстично се зголемува:

  • Вкупниот дефицит скока од 39,2 на 46,2 милијарди денари (зголемување за околу 7 милијарди).
  • Учеството во БДП расте од 3,5% на 4,1%.
  • Примарниот дефицит бележи раст од дури 40%.

„Овој ребаланс е финансиска обдукција на промашеното владино планирање. Бројките зборуваат погласно од владиниот ПР. Растот на примарниот дефицит од 40 проценти јасно покажува дека проблемот не се наследените долгови, туку актуелните политики на Владата“, порача пратеникот на СДСМ.

Се крати таму каде што треба да има развој

Наспроти најавите за економски развој, Битиќи алармираше дека Владата ги намалува средствата токму во клучните сектори кои треба да генерираат економски раст. Според неговите податоци:

  • Програмата за економски развој се намалува од 8 на 7,3 милијарди денари.
  • Поддршката за унапредување на деловните активности се крати за над 76%.
  • Намалени се средствата за финансиска поддршка на инвестициите и за малите и средните претпријатија.

„Нема продуктивна економија без инвестиции. Нема повисоки плати без поголема додадена вредност, ниту извоз без технолошка модернизација“, нагласи тој.

Удар врз најранливите и вртоглав раст на долгот

Освен економијата, на удар се и социјалните политики. Битиќи обвини дека се кратат средствата наменети за намалување на сиромаштијата и поттикнување на вработувањето.

„Владата крати кај најранливите, а го зголемува трошењето. Кога имате милијарди за проширување на дефицитот, а немате средства за инклузија и активни мерки за вработување, тогаш проблемот не е во парите, туку во приоритетите“, посочи Битиќи.

Дополнително, тој предупреди на загрижувачките трендови во задолжувањето, истакнувајќи дека јавниот долг се движи кон 61,5% од БДП, додека нето-странското задолжување бележи раст за повеќе од 16 милијарди денари.

Стабилни пензии само со силна економија

На крајот од своето обраќање, Битиќи се осврна и на пензискиот систем. Тој потенцираше дека пензионерите не се товар на државата, бидејќи тоа се луѓе кои чесно работеле и плаќале придонеси. Сепак, тој предупреди дека одржливост на системот не е можна без повисока продуктивност и повеќе формални работни места.

„Достоинствени пензии не се обезбедуваат со политички пароли, туку со стабилна економија. Овој ребаланс покажува дека Владата нема план за развој, туку план за нови долгови“, заклучи пратеникот.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
ДРУГО
20 јули 2026

Денеска 20 јули 2026 година се празнува светата великомаченичка Недела

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, тројца задржани на лекување

СВЕТ
19 јули 2026

Спас за украинскиот извоз: Житниот коридор сега безбедно минува низ бугарски води

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Бугарски европратеници испратија писмо до ЕП поради пресудата за Љупчо Георгиевски

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Проф. Сулејман Мехази: Албанците не спаѓаат во групата на малцинства, нивната бројност диктира поинаква реалност

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Северна Македонија над европскиот просек: Имаме 20,1 судии на 100.000 жители, а професијата е во рацете на жените

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Цаневска за петногиот Букефал: Билбордот што требаше да биде визит-карта на Скопје, заврши онаму каде што припаѓа – на буниште

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Прогласена епидемија на стомачни инфекции во Гостивар: Стотици пациенти бараат медицинска помош

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

ВО ГОСТИВАР 140 ЗАБОЛЕНИ: ЦЈЗ Тетово пред одлука за прогласување епидемија, резултатите од водата се предаваат на Обвинителството

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

ДУИ: Изоставувањето на албанскиот јазик од таблите на Град Скопје е тешка провокација

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Пановски: Во Гостивар има епидемија, најмалку уште 5.000 лица се со симптоми на гастроентерит

СПОРТ
19 јули 2026

Брилијантна победа на бугарските одбојкари: Падна моќната репрезентација на САД

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Селами: Градоначалникот на Град Скопје да ја промени таблата и да го почитува Законот за двојазичност

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ денеска „ќутенката“ отстранет по лавината реакции

МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

ГИ ВОЗЕЛ ОД ГЕВГЕЛИЈА ДО СКОПЈЕ: Кога стигнале, брутално го претепале и му го земале паричникот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 јули 2026

Стојановски: Власта шири омраза кон Бугарија за да ги прикрие реалните проблеми и криминалот

ДРУГО
19 јули 2026

Денеска 19 јули 2026 година се празнува Преподобен Сисој Велики: Подвижник кој исцелуваше болни и воскреснуваше мртви

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Полициска акција во Куманово: Уапсени три лица по тепачка, пронајдени нож и воздушен пиштол

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Петровска: Пет дена се криеше труењето во Гостивар, институциите мора да понесат одговорност

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Вознемирувачки инцидент во Ѓорче Петров: Маж ја демнеел жена додека пробувала облека во бутик

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Орце го брука Скопје: Гостите ги пречекува со Букефал со пет нозе и со белградскиот храм „Св. Сава“

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Бујар Османи: Билбордот за пречек на посетители е скандалозен приказ на Скопје без Албанците

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Вознемирувачки инцидент во Скопје: Жена пријавила силување од две лица во Лисиче, еден осомничен приведен

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Полицијата приведе жител на охридско село поради семејно насилство

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Клековски: Над 1.000 пациенти со стомачни тегоби во Гостивар, во изминатото деноноќие примени 260 лица

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
18 јули 2026

Србинка украла чадор за сонце и лежалки во Хрватска, доби забрана за влез во ЕУ

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Деница Китанова: Белград нема интерес од приближување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија

МАКЕДОНИЈА
18 јули 2026

Митко Георгиев поднесе тужба против Виктор Стојанов само три дена по емисијата на Б2 Канал

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега