08 јули 2026
• од Гоце Кически
Рано утринава во Штип се случил несекојдневен и крајно вознемирувачки инцидент. Сопственик на семејна куќа пријавил дека градежна машина започнала со уривање и оштетила дел од неговиот дом, додека тој и неговото семејство биле внатре и спиеле.
Според сведочењето на сопственикот, немилиот настан се случил во раните утрински часови, околу 4 часот. Градежен багер пристигнал пред куќата и со корпата двапати удрил директно во ѕидот на објектот.
Силните удари предизвикале оштетување на значителен дел од куќата, а настанот оставил голема траума и вознемиреност кај сите членови на семејството кои во тој момент биле во длабок сон.
Сопственикот Џенгиз, во изјава за локалната „ТВ М Нет“, истакна дека е целосно шокиран од случувањата и дека воопшто не очекувал ваков развој на настаните. Тој категорично нагласи дека нема да дозволи да се отстрани оштетениот дел од ѕидот, ниту пак да се расчистуваат урнатините, сè додека надлежните органи не извршат детален увид на местото на настанот и целосно не ја документираат фактичката состојба на терен.
Дополнително, Џенгиз тврди дека неговата куќа е изградена целосно легално и дека во никој случај не станува збор за бесправно изграден објект (дивоградба).
Надлежните институции се известени за случајот, а целосната слика за овој несекојдневен инцидент се очекува да биде расчистена по завршувањето на сите потребни проверки, полициски увиди и инспекциски контроли.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

