03 мај 2026
• од Гоце Кически
Британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон, преку објава на платформата Икс испрати порака за значењето на слободните и независни медиуми, истакнувајќи дека тие се клучен столб за демократијата и општествениот развој.
Во својата изјава, амбасадорот нагласи дека „силни, независни медиуми кои ги одразуваат различните локални гласови и перспективи се темел на здрава демократија и витален столб на нашата заедничка безбедност и просперитет“. Според него, ваквите медиуми им овозможуваат на граѓаните да носат информирани одлуки во сите аспекти од животот.
Тој дополнително потенцираше дека отворената дискусија и слободната дебата се суштински за демократските општества. „Луѓето мора да имаат можност слободно да ги формираат и изразуваат своите ставови, поддржани од пристап до точни информации обезбедени од отпорни и независни медиуми“, стои во пораката.
Во контекст на меѓународната соработка, Лосон истакна дека, како ко-претседавачи на Коалицијата за слобода на медиумите, Обединетото Кралство ќе продолжи тесно да соработува со партнерите во Северна Македонија и ширум светот. Целта, како што наведе, е да се поддржи и заштити независното и квалитетно новинарство.
Оваа изјава доаѓа во време кога прашањата за медиумската слобода и интегритет се во фокусот на јавноста, како на национално, така и на глобално ниво.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

