03 мај 2026
• од Темелко Тошев
Бујар Османи, ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде што се очекува да оствари повеќе средби со претставници на европските институции.
Според најавите, Османи ќе се сретне со високи претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, како и со европратеници. Главната цел на овие средби е размена на мислења за актуелните политички случувања во земјата и регионот.
Во центарот на разговорите ќе биде европската перспектива на Северна Македонија, напредокот во процесот на евроинтеграција, како и предизвиците поврзани со спроведувањето на реформите што ги бара Европската унија.
Дополнително, се очекува на средбите да се отворат и прашања поврзани со најновите внатрешни случувања, особено оние што се однесуваат на влошувањето на меѓуетничките односи. Исто така, ќе се разговара и за почитувањето на основните принципи утврдени со Охридскиот рамковен договор.
Посетата на Османи доаѓа во период кога евроинтегративниот процес на земјата се соочува со нови предизвици, а дијалогот со европските партнери останува клучен за понатамошниот напредок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

