16 мај 2026
• од Темелко Тошев
Обидот за склучување договор за кирија синоќа завршил со полициска интервенција во скопската населба Кисела Вода.
Синоќа во 21:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 65-годишната Л.Ј. од Скопје, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил во ходникот од станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода. Жената почнала да се однесува недолично кон 52-годишниот И.К., сопственик на стан со кого претходно требало да склучи договор за закуп.
„Таа била приведена по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и се однесувала недолично кон 52-годишниот И.К., сопственик на стан, со кого Л.Ј. требало да склучи договор за закуп на стан, но истата одбивала“, стои во соопштението на МВР.
Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека по целосно документирање на случајот, против 65-годишната скопјанка ќе следува соодветен поднесок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

