16 мај 2026
• од Темелко Тошев
Додека македонските граѓани постојано реагираат на енормните зголемувања на функционерските плати дома, во соседството сликата е сосема поинаква. Високите државни функционери во Бугарија во следните три месеци ќе добиваат помеѓу 200 и 500 евра помалку на своите банкарски сметки.
Причината за ова кратење не е политички популизам, туку автоматизиран систем — падот на просечната плата во јавниот сектор директно ги „повлече“ надолу и примањата на пратениците, министрите и претседателот.
Според податоците од Националната статистика, кои ги пренесува 4news.mk, просечната плата во бугарскиот јавен сектор забележала пад од 1.488 евра во декември 2025 година, на 1.412 евра во март 2026 година. Бидејќи платите на властодршците се законски врзани со овој просек, кратењето на нивните буџети започна автоматски.
Намалувањето го почувствуваа сите гранки на власта, почнувајќи од парламентот па сè до шефот на државата:
Овој пример во соседството уште еднаш ја отвора дебатата во македонската јавност за тоа како се регулираат функционерските примања кај нас. Додека во Бугарија системот ги тера функционерите да го споделат „падот“ на стандардот со јавниот сектор, кај нас покачувањата на функционерските плати редовно предизвикуваат револт меѓу граѓаните, чиј животен стандард едвај го држи чекорот со инфлацијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

