12 мај 2026
• од Темелко Тошев
аместо чист планински воздух и зеленило, редовните посетители на Водно утрово ги пречекаа непријатни сцени. Фотографиите до кои дојде нашата редакција сведочат за вистински вандализам врз природата – купишта отпад се расфрлани на повеќе локации покрај патот, со најголема концентрација во делот под месноста Марково Крувче.
Според сведоштвото на еден наш сограѓанин кој секојдневно рекреира на планината, ситуацијата е драстично променета во рок од само неколку часа.
„Вчера во попладневните часови поминав низ истиот пат и глетката беше вообичаена, немаше ваков хаос. Ова е дефинитивно направено во текот на вечерта. Неверојатно е како некој можел да дојде на планина и зад себе да остави толкава количина смет“, вели револтираниот граѓанин.
На фотографиите јасно се гледаат:
И покрај бројните акции за чистење и апелите од надлежните служби и еколошките друштва, Водно и понатаму е жртва на поединци кои немаат основна култура за заштита на животната средина.
Граѓаните бараат засилени контроли од страна на комуналните инспектори и полицијата во текот на ноќните часови, како и поригорозни казни за оние кои планината ја третираат како депонија.
Да го чуваме Водно – тоа е единствениот „филтер“ за воздух што му остана на Скопје!
МЕТЕО АЛАРМ: Силен ветер со удари над 80 км/ч – Предупредување за 12 мај 2026 година
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

