11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Герасим Лазов, во гостувањето во подкастот „Почетна пресметка“, упати сериозни обвинувања за влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Македонија. Според Лазов, влијанието на Будимпешта не е само политичко, туку и длабоко економско и медиумско.
Лазов истакна дека унгарскиот премиер има развиено широка мрежа која директно влијае врз македонското општество. Како клучни точки на ова влијание тој ги наведе:
„Виктор Орбан има таква мрежа пуштено насекаде, а особено во Македонија. Триесет до четириесет проценти од медиумите беа под директна контрола на Орбан. Токму затоа ја имаме оваа ситуација и постојаните напади,“ изјави Лазов.
Во разговорот беше потенцирано дека овие информации не доаѓаат само од домашната опозиција, туку и од новиот политички фактор во Унгарија, Петар Маѓар.
Лазов потсети дека Маѓар јавно говорел за инволвираноста на унгарските бизнис структури во Македонија, но и за прашањето на азилантот и поранешен премиер, Никола Груевски.
Според претседавачот на ЦО на СДСМ, Македонија се соочува со сериозен предизвик од странско влијание кое се користи за креирање на јавното мислење и дестабилизација преку медиумски напади. Лазов смета дека ваквата „хибридна“ контрола врз 40% од медиумскиот простор е главниот извор на политичките тензии во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

