10 мај 2026
• од Темелко Тошев
Паника, страв и сериозен внатрешен распад ја дрмаат криминалната коалиција на власт. Додека Христијан Мицкоски се обидува да одржи слика на стабилност, реалноста го демантира секојдневно: почетокот на крајот на оваа коалиција веќе е на повидок.
Откако јавноста беше сведок на дебаклот и распадот во редовите на ЗНАМ – преку повлекувањето на нивниот пратеник во Собранието и советничката во Прилеп – пукнатините сега се шират и во самото јадро на власта. СДСМ денеска со алармантно соопштение открива дека хаосот се пресели директно во редовите на ВМРО-ОКГ.
Главниот удар за ВМРО-ДПМНЕ доаѓа од Карпош. Според информациите од СДСМ, повлекувањето на Сотир Лукровски не е случајно, ниту пак е резултат на „здравствени причини“ како што се обидуваат да спасат образ од Белата палата.
„Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се повлекува затоа што не сака да потпишува документи за бизнисите на Мицкоски. Станува збор за документи кои носат директна кривична одговорност: сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, матни финансиски трансфери и фаворизирање на фирми блиски до врвот на партијата“, велат од СДСМ.
Од опозицијата нагласуваат дека оправдувањата за „боледување“ се смешни и служат само за прикривање на паниката кај градоначалниците кои веќе не сакаат да бидат параван за криминалните шеми на Мицкоски.
Ситуацијата внатре во партијата на власт е тензична. Мицкоски, во обид да воспостави целосна контрола и страв, веќе започна со отстранување на луѓе кои му биле најблиски соработници.
СДСМ потсетува дека ЗНАМ, како формација создадена во лабораторијата на Мицкоски со единствена цел да му наштети на социјалдемократите, прва го почувствува распадот. Луѓето во оваа сателитска групација сфатија дека се само пиони во поголема игра и почнаа да го напуштаат бродот кој тоне. Сега, тој истиот бран на незадоволство и страв го зафаќа и ВМРО-ОКГ.
Во соопштението на СДСМ се нагласува дека паниката во редовите на власта дополнително се подгрева од промените на меѓународната сцена.
„Сѐ повеќе членови и функционери се свесни дека по падот на Орбан започнуваат сериозни истраги за политичко-криминалните мрежи во регионот. Свесни се дека наскоро и Христијан Мицкоски и неговата криминална група ќе бидат предмет на тие истраги. Од правдата никој нема да може да избега“, децидни се од СДСМ.
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

