09 мај 2026
• од Темелко Тошев
Годишната стапка на инфлација во Северна Македонија во текот на месец април се искачи на 5,7 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Само за еден месец, трошоците за живот се зголемиле за 1,3 отсто. Најсериозен притисок врз домашниот буџет доаѓа од прехранбените производи и безалкохолните пијалаци, кои во април биле за 8 проценти поскапи во споредба со истиот период минатата година. Највисок годишен раст од 10,2 проценти е забележан кај алкохолните пијалаци и тутунот.
Статистиката бележи и значително поскапување на транспортот. На годишно ниво, овие трошоци се зголемени за 5,4 проценти, но загрижува фактот што само во споредба со март, зголемувањето изнесува високи 10,1 отсто.
По објавувањето на овие бројки, со реакција излегоа од опозициската СДСМ, од каде упатија остри критики до премиерот Христијан Мицкоски и владата.
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

