08 мај 2026
• од Гоце Кически
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ѝ честиташе на Велислава Петрова-Чамова за назначувањето за министерка за надворешни работи на Бугарија.
Во објава на социјалните мрежи, Муцунски ѝ посака успех во, како што наведе, „важната и одговорна улога“, изразувајќи очекување за идна соработка насочена кон одржување отворен дијалог и унапредување на билатералните односи.
Тој порача дека Владата останува посветена на градење односи засновани на добрососедство, меѓусебна почит и конструктивна соработка.
Петрова-Чамова е дел од новиот состав на бугарската влада, каде што ја презема функцијата министерка за надворешни работи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

