08 мај 2026
• од Елена Иванова
Струмичката полиција поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и против 50-годишниот Н.Б., поради сомнение дека во повеќе наврати избегнале плаќање даноци и со тоа го оштетиле државниот буџет за 1.720.502 денари.
Според информациите од МВР, случајот се однесува на периодот од 2022 до 2025 година, кога пријавениот бил управител на фирмата со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет. Полицијата наведува дека даноците биле избегнувани преку неевидентирање промет, неточно прикажување на даночната основа, помалку искажани приходи, повеќе прикажани расходи и непризнаени расходи.
Во кривичната пријава е наведено дека во 2022 година не биле пресметани и платени даноци во износ од 357.288 денари, во 2023 година 355.371 денар, во 2024 година 760.763 денари, а во 2025 година 247.080 денари. Станува збор за обврски по основ на ДДВ, данок на добивка и персонален данок на доход.
Од МВР информираат дека против фирмата и управителот е поднесена кривична пријава за „даночно затајување“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

