07 мај 2026
• од Тодор Вангелов
ДУИ обвини за нов коруптивен скандал во МЕПСО, тврдејќи дека преку тендер за чистење коридори под далекуводи се фаворизирала фирма поврзана со активисти на ВЛЕН.
Според партиското соопштение, компанијата „Green Maintenance“, формирана само неколку недели пред објавувањето на тендерот, без претходна работна историја и докажани капацитети, добила договор вреден до 236 илјади евра.
Од ДУИ наведуваат дека еден од сопствениците, Шабан Шефки, јавно се појавувал како активист и поддржувач на ВЛЕН и Изет Меџити. Партијата дополнително тврди дека договорот го потпишал директорот на МЕПСО, Бурим Латифи, кого го опишуваат како прв братучед на Меџити.
ДУИ потсетува и на претходниот случај со далекуводот кон Албанија, за кој, според нив, државата се соочува со милионски штети.
Партијата побара Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија и Обвинителството веднаш да отворат постапка и да испитаат дали зад тендерот стои организирана шема за извлекување јавни пари.
„Граѓаните заслужуваат институции, а не партиска и семејна каса“, порачуваат од ДУИ.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Зеленски ја обвини Москва за „краен цинизам“ по смртоносните руски напади врз Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

