07 мај 2026
• од Гоце Кически
СДСМ остро ја критикуваше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, според која случајот со бруталното претепување жена од негов бодигард бил „мал престап“ и доказ дека „системот функционира“.
На прес-конференција, Розалија Ангелковска од Форумот на жени на СДСМ оцени дека ваквиот став е „скандалозен, опасен и недозволив“, бидејќи, како што рече, испраќа поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата.
„За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се мал престап. Наместо јасна осуда, тој избра да го минимизира делото и практично да застане во заштита на насилникот“, порача Ангелковска.
Од СДСМ обвинија дека со ваквите изјави власта создава впечаток дека луѓето блиски до неа се привилегирани и заштитени, дури и кога се поврзуваат со сериозни кривични дела. Партијата ја прошири критиката и кон министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, барајќи негова итна оставка.
Ангелковска наведе повеќе случаи на насилство, убиства, врсничко насилство, криминал и безбедносни скандали, оценувајќи дека Македонија станала држава во која „насилството е нормализирано, а одговорност нема“.
„По сите овие скандали, по целосниот распад на безбедносниот систем и по срамната изјава на Мицкоски, Панче Тошковски нема никаков кредибилитет да остане министер. Оставка од Тошковски веднаш“, порача СДСМ.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

