08 мај 2026
• од Гоце Кически
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Телесна повреда“. Според информациите, станува збор за Раде Ристевски, член на поширокото обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски.
Според обвинителството, по претходна вербална расправија во семејниот дом, обвинетиот физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка. Потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави.
Од нападот, оштетената се здобила со телесни повреди, а кај неа била предизвикана и психичка вознемиреност. Таа успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон.
Жената и малолетната ќерка побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.
Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје доставило и предлог за продолжување на мерката притвор. Како причини се наведуваат опасност од бегство, можност обвинетиот да стане недостапен за органите на прогонот, како и ризик повторно да го стори делото.
При одлучувањето, обвинителството го земало предвид и фактот дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

