10 мај 2026
• од Темелко Тошев
цената пред Македонската опера и балет (МОБ) вчера не беше место за уметнички перформанс, туку арена на силен социјален револт. Под слоганот дека „аплаузот не плаќа сметки“, културните работници обединети под Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) упатија жестоки критики до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, обвинувајќи го за директно уништување на достоинството на фелата.
Причината за овој масовен излив на незадоволство е укинувањето на Колективниот договор за култура, чин кој вработените го толкуваат како објава на војна врз нивните основни егзистенцијални права.
Протестот помина во знакот на впечатливи транспаренти кои ја отсликуваат тешката положба на уметниците и културните администратори. На дел од нив стоеја пораките:
Најударниот визуелен елемент на протестот беше илустрацијата на „мртов“ колективен договор, со која демонстрантите симболично порачаа дека со правното укинување на овој документ, министерот го „закопал“ мирот во секторот.
По завршувањето на собирот, СКРМ преку социјалните мрежи упати демант на тврдењата на министерот Љутков дека нивните активности се политички мотивирани или поттикнати од страв за губење на членството.
„Не министре, не мора да ја извртувате вистината за да го оправдате делувањето на СКРМ. Со ваквиот однос не го дискредитирате Синдикатот, туку само потвдувате зошто постои потребата од неговата борба“, порачаа од Синдикатот.
Тие потенцираа дека Колективниот договор е плод на долгогодишна макотрпна борба и единствена гаранција дека културниот работник нема да биде оставен на милост и немилост на политичките самоволија.
Од Синдикатот изнесоа алармантни податоци за пресметката на платите, тврдејќи дека министерството свесно ги игнорира проблемите:
Дополнителен гнев предизвикува и игнорирањето на судската власт. Иако постојат над 60 првостепени пресуди во корист на вработените (од кои осум се правосилни), државата одбива да ги исплати долговите. Наместо тоа, процесите се стопирани додека се чека произнесување од Уставниот суд, што синдикалците го сметаат за купување време и правна гимнастика.
Протестот заврши со директна порака до министерот Љутков, кој и самиот доаѓа од актерските редови. Културните работници, користејќи професионален жаргон, му порачаа дека неговиот ангажман во министерската фотелја е неуспешен:
„Министре, многу лоша улога, напуштете ја сцената!“
Дали овој протест ќе биде само вовед во поголеми штрајкови или министерството ќе понуди компромис, останува да се види во деновите што следуваат. Едно е сигурно – културата повеќе не молчи.
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

