10 мај 2026
• од Темелко Тошев
Додека социјалните мрежи „горат“ од нови теории на заговор и страв од нова пандемија по веста за појава на хантавирус на крузер во Јужниот Атлантик, познатиот епидемиолог проф. д-р Драган Даниловски смирува: вирусот не може да „скокне“ до кај нас, но нашата негрижа за хигиената е она што треба вистински да нè загрижува.
Според д-р Даниловски, хантавирусот стана нова „суровина“ за глобалната индустрија на страв. Тој посочува дека по КОВИД-19, општеството е психолошки преосетливо, па секој изолиран настан се користи за ширење апокалиптични сценарија.
„Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација... Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога ќе се појави името на некој вирус“, вели докторот, предупредувајќи дека и некои здравствени професионалци непотребно придонесуваат за оваа атмосфера.
Д-р Даниловски објаснува дека хантавирусите не се нови во медицината. Тие се пренесуваат преку глодари (измет, урина, плунка), а постојат две главни групи:
Тој појаснува дека типот Andes, кој се појави на крузерот „Хондиус“, припаѓа на „Новиот свет“ и е единствениот каде е опишан пренос од човек на човек. Сепак, овој вирус не циркулира кај нас и не постои ризик за негово ширење од крузерот до Македонија.
Наместо да се плашиме од прекуокеански сценарија, Даниловски алармира за состојбата со урбаната хигиена во македонските градови, особено во Скопје.
„Мијазма на 21 век“ – вака тој го опишува амбиентот со денови непредадениот смет и дивите депонии. Таквите услови се идеален „резерват“ за експанзија на стаорци и глувци, кои се преносители на домашните хантавируси.
Со цел да се спречи реален јавно-здравствен ризик, д-р Даниловски апелира институциите веднаш да се фокусираат на:
„Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации и превенција, а не нова паника“, заклучува тој.
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

