10 мај 2026
• од Темелко Тошев
Најновите податоци за Лаекенските индикатори за сиромаштија во Македонија се поразителен доказ за колапсот на досегашните економски политики. Дури 21,9% од нашите сограѓани живеат под прагот на сиромаштија – сурова реалност во која секој петти граѓанин не може да ги задоволи основните животни потреби.
Овие бројки не се само статистика, туку социјален аларм кој го деmaskира економскиот систем што продуцира беда. Кај семејствата со три и повеќе деца, стапката на сиромаштија достигнува шокантни 55%. Ова веќе не е прашање на „социјални случаи“, туку на длабока структурна нееднаквост вградена во темелите на државата.
„Особено загрижува фактот што без пензии и социјални трансфери, стапката на сиромаштија би изнесувала неверојатни 39,4%. Тоа значи дека пазарот на труд и економскиот модел не создаваат раст, туку државата само ги амортизира последиците од сопствениот неуспех“, реагираат од Левица.
Податоците дека речиси секое трето дете (29,5%) во Македонија живее во сиромаштија се пораз за целото општество. Ова не е само социјален проблем, туку директен удар врз иднината на државата и човечкиот капитал.
Дополнително, екстремно високи стапки на сиромаштија се забележани кај:
Наместо долгорочни инвестиции во детска заштита и квалитетно вработување, власта продолжува со козметички, краткорочни мерки кои служат само за купување социјален мир, додека капиталот продолжува да се концентрира кај малцинството.
Економскиот модел кој брка фискална дисциплина и формален раст на БДП, додека народот гладува, мора да биде напуштен! Левица апелира на итен и сеопфатен социјално-економски пресврт:
Не е доволно само да се зборува за инвестиции ако мнозинството граѓани се исклучени од придобивките. Време е за економија во служба на човекот, а не во служба на профитот!
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

