10 мај 2026
• од Темелко Тошев
Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, уште во своето прво медиумско појавување ги покажа вистинските намери на кадрите на ДПМНЕ – целосно ставање во служба на енергетскиот капитал. Најавата за „ревидирање“ на блоковите и евтината тарифа е само еуфемизам за ново, драстично поскапување на струјата кое најсилно ќе го почуствуваат оние кои едвај врзуваат крај со крај.
За Ристов, електричната енергија е обична „роба“ која морала да има единечна цена, а не социјален инструмент за заштита на домаќинствата. Со ваквиот неолиберален пристап, РКЕ директно ги таргетира граѓаните кои со години се принудени да штедат и да го планираат секој потрошен киловат.
ПРЕСМЕТКА НА УЖАСОТ: Доколку се донесе ваква скандалозна одлука, едно просечно семејство кое се движи во првиот тарифен блок ќе плаќа дури за ЕДНА ТРЕТИНА ПОСКАПА СТРУЈА на годишно ниво!
Очигледно е дека поранешниот градоначалник на Радовиш од редовите на ДПМНЕ дојде на функцијата за да го штити профитот на ЕВН Хоум, а не интересот на народот. Додека Ристов заговара укинување на поволностите за народот, тој молчи за паушалните сметки кои ЕВН ги доставува без отчитување на броилата и за потребата од проширување на евтината тарифа како мерка за ублажување на кризата.
Во досегашното работење на РКЕ не е непознато честото менување на правилниците и тарифните модели, сѐ со цел да и се удоволи на политичко-енергетската олигархија во Македонија преку осиромашување на народот и уништување на јавниот интерес.
Наспроти погубните политики на ДПМНЕ и нивните послушници во РКЕ, Левица останува на страната на работникот и сиромашните. Сметаме дека тарифните блокови мора да останат, со истовремено проширување на опсегот на евтината тарифа.
Нашите барања се јасни:
Нема да дозволиме народот да ја плаќа цената на вашата алчност! Струјата мора да биде јавно добро достапно за сите, а не алатка за богатење на поединци!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
Кошта до Македонците: Ве чекаме во ЕУ, време е да се впишат Бугарите во Уставот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

