12 мај 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики до шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, обвинувајќи го за нетранспарентност во однос на денешните активности во Брисел. Повод за реакцијата е дилемата која се појави во јавноста: дали македонскиот министер имал официјална средба со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, или само кус неформален разговор.
Откако министерката Петрова-Чамова информираше за остварена средба, Муцунски ги демантираше ваквите тврдења, појаснувајќи дека станувало збор за само едноминутен разговор во мин на маргините на состаноците во Брисел. Сепак, за Филипче ваквото однесување е обид за прикривање на реалноста.
„Зошто Тимчо Муцунски криеше дека денеска имал средба со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова во Брисел?“ – праша Филипче преку социјалната мрежа Икс.
Според лидерот на СДСМ, дебатата за тоа дали средбата била формална или не е само дефокусирање од суштината. Тој потенцира дека пораката која стигнува од Софија, но и од Брисел, останува непроменета и кристално јасна.
Филипче во својата објава не штедеше зборови ниту за премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја владејачката партија за свесно манипулирање со јавноста во однос на евроинтегративниот процес.
„Колку повеќе докази им требаат на граѓаните на Македонија дека оваа криминална организација предводена од Христијан Мицкоски лаже? Без вклучување на малцинствата во Уставот – што е европско, а не бугарско прашање – нема да има напредок во интеграциите во ЕУ. Вистината излегува на виделина“, дециден е Филипче.
МЕТЕО АЛАРМ: Силен ветер со удари над 80 км/ч – Предупредување за 12 мај 2026 година
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

