05 мај 2026
• од Тодор Вангелов
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива без застои, по суви коловози. Нема подолги задржувања на граничните премини.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градовите е умерен. Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината и да ја почитуваат сигнализацијата. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлини, долини и клисури поради можни одрони, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Патот Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона, во рамки на сезонскиот режим.
На повеќе патни правци низ земјата има градежни работи и привремени измени на сообраќајот. Активности се одвиваат на автопатот А1 кај Плетвар–Прилеп, како и на делницата Смоквица–Гевгелија. Работи има и на патот А2 кај Гостивар–Стража, кај Желино, како и на скопската обиколница, каде е затворена една лента.
Поради изградба и санации, сообраќајот се пренасочува и на патот Прилеп–Битола, како и на делницата Кичево–Охрид, каде се вози со девијации.
Дополнително, на регионалниот пат Косоврасти–Мелнички Мост има изменет режим поради свлечиште.
За движење низ подрачјето Јасен важи посебен временски режим во одредени часови во текот на денот, во двата правци меѓу Скопје и Македонски Брод.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

