04 мај 2026
• од Тодор Вангелов
МВР предупредува на зачестена појава на интернет-измама насочена кон македонски граѓани, при што непознати лица преку странски телефонски број испраќаат лажни пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок.
Како што информираат од Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на МВР, измамниците испраќаат пораки од странскиот телефонски број +639606963624, во кои од корисниците се бара да извршат плаќање со платежна картичка преку лажна веб-страница.
Измамата функционира така што, по кликнување на линкот испратен во пораката, граѓаните се пренасочуваат кон лажна веб-страница која визуелно се претставува како страница на МВР. Таму од нив се бара да ја внесат регистарската табличка на возилото, по што се отвора нов прозорец во кој се прикажува наводно регистриран прекршок и се бара уплата од 1.500 денари.
Од МВР апелираат граѓаните да бидат особено внимателни и да не веруваат на пораки што доаѓаат од нелегитимни веб-страници или непознати испраќачи. Од Министерството нагласуваат дека граѓаните не треба да внесуваат лични податоци, податоци за возила или информации од платежни картички на сомнителни страници, бидејќи тие можат да бидат злоупотребени.
Секторот за компјутерски криминал дополнително ги повикува граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во пораки што не доаѓаат од верификувани и познати испраќачи.
Од МВР порачуваат дека ваквите пораки треба да се игнорираат, а граѓаните да бидат внимателни при секое барање за онлајн-плаќање, особено кога станува збор за пораки испратени од странски или непознати телефонски броеви.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

