26 мај 2026
• од Темелко Тошев
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Од ноќеска на полноќ, возачите што полнат бензин ќе плаќаат поскапо, додека за оние што користат дизел, цената останува непроменета.
Според најновата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар (0,50 ден.) по литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, додека цената на Мазутот М-1 НС бележи благ раст од 0,330 денари за килограм.
Од 27.5.2026 година (среда) во 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

