26 мај 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија нема да ја промени својата надворешнополитичка ориентација, а европскиот пат на земјата останува без алтернатива. Ова го истакна Илијана Јотова на средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која една од клучните теми беше проширувањето на Унијата и иднината на Република Северна Македонија.
„Нема да има промена во надворешнополитичката ориентација на нашата земја, која одамна го направи својот избор, а тоа е Европската Унија“, им порача Јотова на европските дипломати.
Говорејќи на темата за Северна Македонија, таа беше категорична дека правилата мора да важат подеднакво за сите земји-кандидати.
„Секоја земја мора да ги исполни сите критериуми за членство пред да биде примена во ЕУ“, нагласи таа, инсистирајќи дека Скопје мора да ја исполни „заедничката европска позиција од 2022 година“ за своето пристапување кон Унијата.
Во тој контекст, Јотова акцентираше и дека „основен критериум во европската политика е заштитата на човековите права“.
На средбата, која траеше повеќе од два часа, биле разгледани и прашања поврзани со иднината на Европа, како и безбедносните и економските предизвици со кои се соочува Унијата.
Според нејзините зборови, Европа мора да има „консолидирана позиција“ која ќе ја брани во однос на светските конфликти, но и паралелно да ги зајакне своите одбранбени способности и индустриското производство.
Јотова предупреди дека Европа заостанува во градењето на Енергетската унија и сè уште останува зависна од надворешни снабдувања. Во тој поглед, таа ја истакна улогата на бугарските енергетски проекти, како и потенцијалот на земјата во развојот на вештачката интелигенција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

