26 мај 2026
• од Темелко Тошев
Последните коментари на српската претседателка на Народното собрание, Ана Брнабиќ, во врска со преговорите на Северна Македонија со Европската Унија не се случаен гаф, туку директна поддршка на ставовите на „подизведувачите“ на Српската напредна странка (СНС) во Скопје, смета Ивон Величковски. Во својата најнова политичка анализа, тој остро ги осуди обидите на Белград за патернализам врз македонската држава, лоцирајќи ги мотивите во паниката од губењето на влијанието во регионот.
Според Величковски, додека нејзиниот коментар „Ko se lača mati...“ за време на протестите може да се смета за вистински гаф, изјавите за македонскиот евроинтегративен пат се внимателно конструирани. Тие имаат за цел да ги подгреат локалните наративи за „неправедноста на Европа“, „неизвесноста на преговорите“ и тезата дека „името на државата е променето напразно“.
Овие коментари, посочува Величковски, доаѓаат по неуспешниот собир во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се сведе на „пензионерска прошетка и медиумска зафрканција“.
„Претседателката Брнабиќ мораше да се обиде да го врати статусот на морална вертикала – за Белград да остане спонзор на Скопје, а Вучиќ авторитет на спонзорството. Тоа беше можно само ако продолжи лажниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ дека Северна Македонија преговара со Бугарија, а не со ЕУ“, истакнува Величковски.
Ваквата интервенција ја открива паничноста на српските власти дека Северна Македонија ја губи својата „употребна вредност“ за Србија. Со своите изјави за отворањето на кластерите, Брнабиќ парадоксално потврдила дека евроинтегративниот пат на Србија веќе не е комплементарен со оној на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора – ниту политички, ниту според методологијата на преговори.
Величковски не ги штеди ниту домашните политички лидери. Тој нагласува дека молкот на македонските политички актери – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и лидерот на СДСМ, Венко Филипче – кон изјавите на Брнабиќ, е јасен показател за длабоката поврзаност на традиционалните партии во Белград и Скопје.
„Тоа што нашите реплики на Вучиќ и Ѓилас немаат сила да реагираат, покажува дека официјален Белград и Скопје остануваат поврзани. Но, како што овие партии се поврзани, така граѓаните во секоја од овие земји се сè поотуѓени и дистанцирани од нив“, констатира тој.
Како одговор на обидите за наметнување на т.н. „српски свет“, Величковски испраќа четири конкретни пораки:
Величковски потсетува на историскиот контекст кога државата служеше како јужен „вентил“ на Милошевиќевата СРЈ и меморандумите на САНУ. Денес, Северна Македонија е дел од Јужното крило на НАТО и логистика на неговото Источно крило.
„Со исклучок на должниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – никому не му паѓа на ум повторно да ја сведе државата на статус на 'вентил', овој пат на Вучиќ“, дециден е Величковски.
На крајот, тој отвора и сериозни прашања за владеењето на правото и регионалниот криминал, повикувајќи ги српските и македонските власти да одговорат до каде е истрагата за над 50 тони марихуана кои ја поминале македонско-српската граница.
Оваа тема се надоврзува на актуелниот документ во американскиот Конгрес кој се однесува на стабилноста на Западниот Балкан, во кој јасно се предупредува на засилувањето на нарко-картелите, криминалните мрежи и кинеското и руското малигно влијание.
„Односите на Белград со Софија, Букурешт, Будимпешта и Тирана не можат да бидат унапредени со обидот за белградски патернализам. Тоа не го прифаќаат ниту Сараево, ниту Подгорица, ниту Приштина. Ниту Скопје“, заклучува Величковски во својата изјава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

