26 мај 2026
• од Темелко Тошев
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја потврди силната поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија, а како значаен чекор во билатералните односи ја истакна намерата за внесување на хрватското малцинство во највисокиот правен акт на државата.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, за време на престојот во Охрид, оствари средба со владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Средбата поминала во знак на потврда на одличните пријателски односи меѓу двете земји, со фокус на економијата, европската иднина и правата на малцинствата.
Преку својот официјален профил на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), Пленковиќ ги сподели клучните поенти од разговорите со македонскиот државен врв.
Двајцата лидери разговарале за натамошно зајакнување на економските врски. Како приоритетни области за соработка се истакнати:
Како потврда за сериозните намери за економско поврзување, Пленковиќ потенцираше дека во Охрид биле присутни и претставници на неколку водечки хрватски извозни компании.
„Како кредибилен и доверлив партнер, Хрватска останува искрен поборник за европскиот пат на Северна Македонија“, порача Пленковиќ во својата објава.
Тој нагласи дека официјален Загреб го поддржува продолжувањето на реформскиот процес во земјава и високо го цени македонскиот придонес кон евроатлантската безбедност преку соработката во рамките на НАТО алијансата.
Она што особено се истакнува во заклучоците од средбата е прашањето за малцинските права и Уставот.
Хрватскиот премиер изрази задоволство од континуираната соработка на ова поле, експлицитно поздравувајќи ја подготвеноста за вклучување на Хрватите во македонскиот Устав. Како реципроцитет и знак на взаемно почитување, Пленковиќ вети дека Република Хрватска ќе продолжи негува и да го поддржува македонското малцинство кое живее во Хрватска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

