26 мај 2026
• од Темелко Тошев
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ предизвика револт во македонската јавност откако на своите официјални профили на социјалните мрежи, информирајќи за неговата посета на Охрид, го употреби непостоечкиот и навредлив термин „северномакедонски“!
Иако посетата помина во знак на потпишување меморандуми за соработка и фалби за одличните билатерални односи, објавата на Пленковиќ остави горчлив вкус. Во текстот каде што се осврнува на економската соработка меѓу двете земји, тој експлицитно пишува:
„Учествувавме на бизнис форумот на хрватски и северномакедонски (North Macedonian) компании во Охрид.“
Скандалот не застанува тука. Во продолжение на истата објава, хрватскиот премиер уште еднаш ја повторува истата навредлива придавка, пишувајќи за присуството на хрватски компании на „северномакедонскиот пазар“ (North Macedonian market).
Грубо кршење на идентитетот и непознавање на договорите
Оваа објава е директно непочитување на македонскиот народ и идентитет. Познато е дека дури и според наметнатиот Преспански договор, придавките кои произлегуваат од името на државата се исклучиво „македонски/македонска“ кога се однесуваат на народот, јазикот и приватните субјекти (како што се компаниите), додека за државните институции се користи „на Република Северна Македонија“.
Употребата на кованката „северномакедонски“ е црвена линија за која македонските граѓани се исклучително чувствителни, а кога ваков испад доаѓа од премиер на пријателска земја и членка на ЕУ, тоа претставува сериозен дипломатски скандал.
Јавноста со право прашува:
Останува да видиме дали хрватската делегација ќе се извини за овој потег кој фрла дамка на инаку добрите односи меѓу Скопје и Загреб.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

